За хотел Климетица

Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.


Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располагаме со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе.


За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот. Ресторанот е со капацитет од 300 седишта и летна тераса од 100 седишта. Нашиот ресторан е достaпен и за организирани настани и прослави како што се коктели, прослави, свадби и останати семејни и бизнис свечености.


Хотелот располага со две семинарски сали со капацитет од 70 и 30 седишта, опремени со: ЛЦД проектор, лаптоп, интернет, флипчарт табла, платно за проекција, паноа, ТВ, ДВД, фотокопир, факс, скенер. Организираме и семинари, конгреси, деловни состаноци и припреми на спортски екипи.
Ви нудиме комфор и удобност – прекрасно место за одмор и релаксација како и споделување пријатни мигови. Организираме семинари, деловни состаноци и меѓународни конгреси.


Соби во хотел Климетица

Двокреветна соба BB (Климетица)

  • Зафатеност 2 Лица
  • Големина. 20-25 м.кв.
  • Поглед. Езеро.

Двокреветна соба HB (Климетица)

  • Зафатеност 2 Лица
  • Големина. 20-25 м.кв.
  • Поглед. Езеро.

Еднокреветна соба BB (Климетица)

  • Зафатеност 1 Лице
  • Големина. 15-20 м.кв.
  • Поглед. Езеро.
Scroll Up